Во Центарот за култура „Кочо Рацин“ - Кичево (голема сала) во Петок (12.10.2018 год.) со почеток од 11 часот најмалите ќе имаат можност да ја проследат детската претсатава „Заборавените кукли“ (Народен театар- Битола).

Влезот е слободен.
Во светот на децата ништо не е несовладливо, сè е возможно и ништо не е далеку, а непознатото е створено за откривање; и сето тоа со единственото најсилно оружје на светот -детската имагинација. Е, тука настапува театарот и токму оттука се раѓа нашата претстава „Заборавените кукли (играчки)”.

Повеќе...

На 4-ти Октомври во Центарот за култура „Кочо Рацин“ ќе се одржи концерт „Есенски звуци“ со почеток од 19 час.

Во Центарот за култура „Кочо Рацин“- Кичево ќе се прикажува филмот „Скршено“ на Едмонд Будина.
Петок (28.09.2018г.)
Почеток: 20:15 часот

Повеќе...

Ве покануваме на ден 26.09.2018 година со почеток од 20:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ Кичево во големата сала на еден несекојдневен настан во кој ќе се негуваат звуците на серенадите и староградската музика во изведба на оркестарот на НУЦК „Кочо Рацин“ Кичево, кој преку изведувачи од две различни генерации ке ги презентираат убавините на серенадите и староградската музика.
Организатор на настанот НУЦК „Кочо Рацин“ Кичево.
ВЛЕЗ СЛОБОДЕН

Во Вторник (25.09.2018 год.) во ликовната галерија од Центарот за култура „Кочо Рацин“- Кичево ќе се одржи Изложба на Младинската керамичка работилница за изработка и дизајнирање на керамички производи создадена од членовите на ликовниот клуб „Кочо Рацин“ и учениците од државното училиште за ликовна уметност и дизајн ,, Лазар Личеноски,, - Скопје.
Почеток: 19:00 часот
Влезот е слободен

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страната?
 

Врски

Macedonia Timeless

Exploring Macedonia

Културата во Р.М.

 

Контакт

Н.У. Центар за култура "Кочо Рацин" - Кичево
"Александар Македонски" бр. 72
Кичево, 6250
Република Македонија
Библиотека: +389(0)45221075
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Вести од културата