Во фоајето на Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Четврток (26.03.2015) со почеток во 20:00час. ќе се одржи промоција на книгата од авторот Душко Трајаноски под наслов „Порта“.Трајаноски е роден 17.06.1996 год. во Кичево.Основно образование има завршено во основното училиште „Христо Узунов“во Другово.Средно стручно образование има завршено во општинско средно училиште „Мирко Милески“ во Кичево. Негови лични особини се амбициозност ,одговорност ,комуникативност, солидарност,оптимизам.Писателот воедно поседува и други активности и свое хоби како активен колумнист и активен член на голем број форуми.Пишува блогер на своја проза и поезија-Гејмиг.Оваа негова книга претставува влез во душата на младиот поет и преку триесет и осумте песни од стихозбирката ќе го запознаеме поетовиот немирен и неспокоен дух.Воедно ќе ја запознаеме неговата неизмерна љубов кон саканата.Стилот во кој се пишувани песните е слободен и по форма и по содржина.Јазикот е секојдневен со употреба на зборови од англискиот јазик што соодвествуваат на возраста на поетот.Структурно стихозбирката е поделена на два дела:

Гласови во мојата глава

и

Под моите крилја

Денес во градската библиотека „Кочо Рацин“ во Кичево, а по повод Светскиот ден на поезијата 21 март, беше организирано поетско читање, на кое учевствуваа поетите: Јован Миноски, Оливера Ширгоска, Маја Арминоска и Марина Никодиноска.

Тие пред присутните во библиотеката читаа поетски творби од своите дела, издадени претходните неколку години.

Повеќе...

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Светскиот ден на поезијата ќе се одбележи со традиционално поетско читање во библиотечниот дел на Центарот за култура „Кочо Рацин“-Кичево.

Светскиот ден на поезијата е покана да се размислува за моќта на јазикот и целосен развој на креативните способности на секој човек.

 

Петок (20.03.2015) , поч. 12:00 час.

 

 

 

 

Почитувани љубители на литературата,културата и науката на 6 март во библиотечниот дел од центарот за култура „Кочо Рацин“ ќе се одржи промоција на книгата „Стапки во песокта“ од Елизабета Станоеска.

Во библиотеката "Кочо Рацин' - Кичево во периодот од 01.12.2014 до 05.12.2014 секојдневно ќе се одржува презентација на преводи од стручна литература од областа на Правото и правните науки на македонски и албански јазик. Во презентацијата ќе биде опфатена литература од право на европската унија и заеднички политики, кривично право, јавно право, право на социјално осигурување, големите одлуки на европскиот суд за човековите права и мн. други.

Повеќе...

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страната?
 

Врски

Macedonia Timeless

Exploring Macedonia

Културата во Р.М.

 

Контакт

Н.У. Центар за култура "Кочо Рацин" - Кичево
"Александар Македонски" бр. 72
Кичево, 6250
Република Македонија
Библиотека: +389(0)45221075
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Вести од културата