Во Петок (21.09.2018г.) во Ликовната галеријата на Центарот за култура „Кочо Рацин“ ќе се одржи изложба на слики со наслов „Енкаустика“ на Христина Деолска со почеток од 20:00 часот.

Повеќе...

Во Среда (19.09.2018г.) во Ликовната галеријата на Центарот за култура „Кочо Рацин“ ќе се одржи изложба и творење на самото место со наслов „Три грации - три успешни приказни“ со почеток од 19:00 часот.

Гостување на Омер Калеши - победник на државната награда „Мајка Тереза 2018“ во Центарот за култура „Кочо Рацин “ (голема сала), Петок (14.09.2018), Поч. 19 час.
Влезот е слободен!

Повелете и бидете дел од настанот на авторката која зад себе има над 30 награди,меѓу кои неколку интернационални,а лани и награда од УНЕСКО за стихозбирката "Скршена вистина за една птица" за млади талентирани автори,во соработка со Фондација Македоника.

Драги пријатели Ве покануваме на овогодинешната ретроспектива, која вроди плод со својот легендарен звук преку хитовите на Битлси, Дип Парпл, Лед Зепелин...Но пред се преку нивниот младешки дух кој оваа година ќе се реализира и преку оние кои сакаат да го продолжат патот кои им го трасираа постарите генерации.
Кичевските легенди како што се Гвидони,Стил,Пацифик,Легенда,Медузи заедно со разгорениот оган на новата перспектива олицетворена преку бендовите на: Fallin, Клара, Halfgod, Monumental,Каин, Inner Hate ќе направат две вечери за паметење.
Затоа бидете тука на 07,09,2018 и 08,09,2018 и нека ви бидат обележани со црвено, како секој празник бидејќи овие два дена ќе бидат празник на душата на градот.

Организатор
Н.У.Ц.К " Кочо Рацин" - Кичево

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страната?
 

Врски

Macedonia Timeless

Exploring Macedonia

Културата во Р.М.

 

Контакт

Н.У. Центар за култура "Кочо Рацин" - Кичево
"Александар Македонски" бр. 72
Кичево, 6250
Република Македонија
Библиотека: +389(0)45221075
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Вести од културата