Почитувани пријатели, Ве покануваме на дружба во Кичево со Коста Петров, најпродаваниот македонски автор, чии дела „Се гледаме на врвот“, „Стравот“, „Нашето последно кафе“ и „Никој не рече дека ќе биде лесно“ се продадени во над 30,000 примероци ширум Македонија.

Коста Петров е основач на Пи Ворлд, интернационална креативна агенција со присуство во 35 земји во светот вклучувајќи ги САД, Канада, Јужна Кореја, Швајцарија, Малта, Србија, Хрватска, Египет, Мароко, Катар, Јордан, Оман и Иран.

Ве очекуваме во среда, 5ти септември од 19 часот во НУ Центар за Култура "Кочо Рацин" - Кичево.

Се гледаме на врвот!

Изложба на ученици од ОУ Реџo Рушит Зајази -Кичево како и ОУ Лириа и ОУ Лазо Трповски -Скопје под раководство на Шќипе Мехмеди и Лулзиме Османи
Ekspozitë e nxënësve të SHF Rexhë Rushit Zajazi nga Kërçova si dhe SHF Liria dhe Lazo Trpovski nga Shkupi nën udhëheqjen e Shqipe Mehmedit dhe Lulzime Osmani

Во Петок (17.08.2018 год.) во Ликовната галерија при Центарот за култура „Кочо Рацин“ ќе се одржи изложба на фотографии „Ритам во кадар“ на Дражан Брачиќ со почеток од 20 часот.

Повеќе...

НУ Центарот за култура „Кочо Рацин“ со гордост Ви го најавува единаесеттиот по ред, Меѓународен фолклорен фестивал на народни песни и ора Д-р. „Владимир Полежиноски“.

Манифестацијата ќе се одржи од 06 - 09 Јули 2018 год. со почеток од 21:00 час. на платото од Центарот за култура.

Фестивалот е во организација на Центарот за култура „Кочо Рацин“ - Кичево и Министерството за култура на Република Македонија.

Во Петок (22.06.2018г.) во Ликовната галеријата на Центарот за култура „Кочо Рацин“ ќе се одржи изложба на фотографии „Пустелија“ на Игор Аврамоски со почеток од 19:00 часот.

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страната?
 

Врски

Macedonia Timeless

Exploring Macedonia

Културата во Р.М.

 

Контакт

Н.У. Центар за култура "Кочо Рацин" - Кичево
"Александар Македонски" бр. 72
Кичево, 6250
Република Македонија
Библиотека: +389(0)45221075
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Вести од културата