Во Центарот за култура „Кочо Рацин“-Кичево,во Понеделник (28.05.2018г.) гостува гудачкиот квартет „Viva Strings“.

Ви нудиме целовечерен концерт на популарни музички хитови - аранжмани на песни, како на пример од: Мајкл Џексон, Мадона, Ерик Клептон, Колдплеј,Принц, АББА, Адел, Боб Марли, Елтон Џон, Стинг, Роби Вилијамс и многу други. Сите аранжмани се специјално изработени за Гудачкиот квартет Вива Стрингс.

Претставување на една ваква програма пред кичевската публика ќе претставува повеќекратен успех, бидејќи со исполнувањето на познати музички нумери ќе се анимира голем дел од публиката која во принцип ги знае и ги слуша ваквите
песни, а со тоа што истите ќе бидат изведени од еден класичен музички состав каков што е гудачкиот квартет, ќе се помогне на популаризацијата и афирмацијата на класичната, т.е. сериозната музика во нашиот град.

Почеток:19:30 час.
Центар за култура (голема сала)

Во Центарот за култура „Кочо Рацин“-Кичево,во Вторник (15.05.2018г.) гостува репрезентот на македонскиот фолклор- Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „ТАНЕЦ“.

Почеток:19:30 час.
Центар за култура (голема сала)

Овој петок (11 мај) со почеток во 19:30, во НУЦК „Кочо Рацин“ Кичево ќе се одржи Литературен Портрет на нашиот сограѓанин Миле Ѓорѓијоски. На настанот ќе бидат промовирани неколку книги на авторот создадени во последните неколку години. Промотор ќе биде Ацо Сајкоски, а специјални гости Витомир Долински и Литературниот Клуб „Китка’“ од Кичево. Поканети се сите љубители на афоризмот и сатирата, но и сите останати кои сакаат да уживаат во несекојдневни културни настани во градот.
Повелете!

Во Центарот за култура „Кочо Рацин“- Кичево ќе се прикажува најновиот филм на Милчо Манчевски „BIKINI MOON“

03.05.2018 - Четврток и 04.05.2018 - Петок

Почеток: 20:00 часот


режија: Милчо Манчевски
улоги: Condola Rashad, Sarah Goldberg, Will Janowitz, Sathya Sridharan, Mykal-Michelle Harris
времетраење: 102′
земја: САД
жанр: Драма, документарен

Повеќе...

На 27.04.2018 (Петок), со почеток во 19:30ч. во Центарот за култура „Кочо Рацин“ Кичево ќе биде отворена изложбата „Москва денес“.
Изложбата, којашто се базира на официјалните фотоматеријали доставени од Москва, го отсликува современиот урбанистички изглед на руската престолнина.

На неа ќе бидат претставени реномирани знаменитости по коишто е позната Москва низ светот, уникатни архитектурни и инфраструктурни проекти изградени во Москва во последните неколку години, како и можностите за развој на туризмот, спортот, образованието и културата што ги нуди еден од најголемите градови на земјата.

Изложбата „Москва денес“ се одржува во рамки на одбележувањето 24 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Русија и Македонија и е во организација на Амбасадата на Русија и руската државна агенција „Россотрудничество“.
Изложбата во Центарот за култура „Кочо Рацин“- Кичево, ќе биде поставена до петок 06.05.2018.

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страната?
 

Врски

Macedonia Timeless

Exploring Macedonia

Културата во Р.М.

 

Контакт

Н.У. Центар за култура "Кочо Рацин" - Кичево
"Александар Македонски" бр. 72
Кичево, 6250
Република Македонија
Библиотека: +389(0)45221075
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Вести од културата