Драги пријателчиња, со задоволство сакаме да Ве информираме дека на 25-ти Април (Среда) во 18:00 часот доаѓa караванoт на ЗЛАТНО СЛАВЕЈЧЕ во Центарот за култура „Кочо Рацин “ - Кичево.
Дојдете да пееме на цел глас и играме заедно со златните славејчиња и на забавен начин да се запознаеме и научиме за здравите навики и значењето на здравата исхрана.
Овој караван досега покажа одлични резултати како преку песна и игра можат да се едуцираат најмалите.
Ве уверуваме дека ќе бидете дел на уште една незаборавна детска музичка приказна.

25.04.2018г.(Среда)
Поч. 18:00 час.
Центар за култура (голема сала)

Центарот за култура „Кочо Рацин“ Ве поканува на ТРАДИЦИОНАЛЕН ВЕЛИГДЕНСКИ КОНЦЕРТ со КУД „Рацин“.
Повелете,заедно со македонско оро и македонска песна да го прославиме најголемиот христијански празник Велигден.
Понеделник (09.04.2018 год.)
Поч.19:00 час.

Во Центарот за култура „Кочо Рацин“ - Кичево во Среда (21.03.2018 год.) со почеток од 20 часот љубителите на театарската уметност ќе имаат можност да ја проследат театарската претсатава „Пијани“ од Иван Вирипаев, во режија на Марјан Ѓорѓиевски од Народен театар- Битола.

Повеќе...

Денот кога светот се фокусира врз вредноста и поддршката на поетите и поезијата како целина се заокружува на 21ви Март секоја година, под иницијатива на УНЕСКО при Обединетите Нации. Поезијата придонесува за креативна разноликост, со сослушување на ре-употребата на зборовите и перцепцијата, води кон завидно разбирањето на светот. Преку метафоричкиот приказ и адекватната граматика, поетскиот јазик е уште еден адут при дијалог меѓу културите. Слободниот проток на идеи преку зборови, креативитет и иновативност – Светскиот ден на поезијата е покана за размислување за моќта на јазикот и комплетен развој на креативните способности кај секој човек.

Повеќе...

Во Четврток (15.03.2018 год.) во ликовната галерија на Центарот за култура „Кочо Рацин“ ќе се одржи Ретроспективна изложба на слики „15 години творештво“ на Драган Кузманоски со почеток од 19:00 часот.

Повеќе...

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страната?
 

Врски

Macedonia Timeless

Exploring Macedonia

Културата во Р.М.

 

Контакт

Н.У. Центар за култура "Кочо Рацин" - Кичево
"Александар Македонски" бр. 72
Кичево, 6250
Република Македонија
Библиотека: +389(0)45221075
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Вести од културата