Во Петок (16.11.2018 год.) во Ликовната галерија при Центарот за култура „Кочо Рацин“ ќе се одржи изложба на фотографии „ТИ“ на Ана Аврамоска со почеток од 18 часот.

Ана Аврамоска Сиљаноска е родена на 6 октомври 1989 година во Кичево.

Покрај формалното образование , уште од мали нозе експериментира со уметничкото изразување низ многу различни медиуми, а најмногу визуелните и наративните.

Зад себе има неколку групни и три самостојни изложби на уметнички фотографии во земјата и во странство и бројни мултидисциплинарни соработки со разни уметници од многу земји во најразлични визуелни формати.

Контакт

Н.У. Центар за култура "Кочо Рацин" - Кичево
"Александар Македонски" бр. 72
Кичево, 6250
Република Македонија
Библиотека: +389(0)45221075
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Вести од културата