Кичевскиот културен центар "Кочо Рацин" конечно е обновен и подготвен за достојно одржување на културни манифестации. Министерството за култура за негова реконструкција и санација, во рамките на Годишната програма издвои 2,8 милиони денари. Исто така реновирање е извршено и во музејот на "Западна Македонија и НОВ".


- Еден од приоритетите на Министерството за култура е локалниот развој и создавањето на услови за развој на културата во сите градови низ Македонија. За таа цел издвоени се средства за реконструкција и санација на 22 домови и центри за култура во повеќе градови низ Македонија, како и средства за уредување на сите музеи, потенцираше Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска .
Во културниот центар "Кочо Рацин" поставувена е нова покривна конструкција во делот на кулата во која е сместена библиотеката, променета е покривната конструкција во делот на театарот, санирани и реконструирани се фасадните ѕидови на домот. Извршена е и промена на влезната врата, а направена е и летна сцена за одржување на манифестации на отворено. Исто така ќе биде набавен и клима-уред.
Во музејот на "Западна Македонија и НОВ" се исто така извршени потребни градежни работи. Во приземјето е поставен мермер, а на катот каде што се мозаиците поставени се керамички плочки. Се планира и изработка на сталажи за книгите од библиотечниот фонд. За реновирањето на музејот Министерството одвои 640 илјади денари.

 

Контакт

Н.У. Центар за култура "Кочо Рацин" - Кичево
"Александар Македонски" бр. 72
Кичево, 6250
Република Македонија
Библиотека: +389(0)45221075
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Вести од културата