Пред повеќе години е формирано Драмско студио кое за кусо време израсна во Аматерски театар кој предизвика голем интерес меѓу граѓаните –љубители на драмската уметност.Во тоа време мошне успешно се реализирани неколку драмски претстави: „Хајди“, „Македонска крвава свадба“, „Цигани“, „Бегалка“ и „Госпоѓа министерка“.На Фестивалот за аматерските театри во Кочани,драмската претстава„Хајди“(1996) доби Гран-при.

Театарските претстави ,во последно време ,се во фокусот на културните настани во градот .Полека ,но сигурно ,се создава театарска публика која знае да ги цени уметничките аматерски дострели.За да се задоволат културните потреби на љубителите на драмата и за да се раздвижи оваа уметност-аматерскиот театар се заслужни повеќето проекти подржани од Центарот за култура „Кочо Рацин“-Кичево.

Заживувањето на Центарот за култура се оплеменува со прикажување на  повеќе претстави со група од глумци-аматери на различна возраст кои имаат можност да ја прикажат својата глумечка вештина презентирајќи ги делата на домашни автори со претставите „Мили снајки“, „Буре барут“, „11 детски приказни“, „Пуканки“, „Хамлет од Долногаштани“ , „Новогодишна игра“ и многу други.

 

Во Центарот за култура „Кочо Рацин“-Кичево има редовни гостувања на професионални театри но и Аматерскиот театар кој работи во склоп на центарот со свои изведби гостувал во повеќе градови во Македонија: Кочани,Куманово,Скопје,Кавадарци,Свети Николе и др.

 

Контакт

Н.У. Центар за култура "Кочо Рацин" - Кичево
"Александар Македонски" бр. 72
Кичево, 6250
Република Македонија
Библиотека: +389(0)45221075
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Вести од културата