Библиотека „Кочо Рацин“ како културно-образовна институција ,има значајно место и улога во културно-просветниот живот во градот. Иако нема писмени документи за почетоците на библиотекарството во Кичево сепак според документацијата што може да се најде во македонските библиотекарски и други хроники ,оваа библиотека е формирана во почетокот на месец март 1945 година.Има огромна симболика и во името на библиотеката ,која со гордост го носи името на основоположникот на современата македонска литература .Оваа библиотека често била преселувана и во 1963 година прераснува во Матична библиотека а во 1984 година библиотеката се вселува во просториите на Центарот за култура „Кочо Рацин“ каде што е и денес.Од некогашните стотини книги сега книжниот фонд изнесува околу 70 илјади книги од најразлични жанрови ,детска литература ,лектирни изданија,стручни публикации од разни области на македонски и на албански јазик .Во изминатиот период на повеќе од шеесет години квалитативен развој на библиотеката таа стана вистинско катче каде што младите генерации и граѓаните преку користење на библиотечниот фонд на книги од различни области го збогатуваат своето образование и култура .

 

Контакт

Н.У. Центар за култура "Кочо Рацин" - Кичево
"Александар Македонски" бр. 72
Кичево, 6250
Република Македонија
Библиотека: +389(0)45221075
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Вести од културата