Во Четврток на 10.12.2009 год. во просториите на Н.У.Ц.К. "Кочо Рацин" беше отворена изложба на тема "Интернационалната кичевска ликовна колонија низ годините - Ретроспектива 1994-2009". На изложбата се презентирани 42 дела на уметници од целиот свет кои минатите 15 години твореле на колонијата.

 

Интернационалната кичевска ликовна колонија секоја година привлекува голем број ликовни творци од нашата земја и светот, кои во Куќата на Уметноста с. Кнежино - Кичево ги обединуваат своите творечки и духовни енергии.
Тука во Кичево, работеа и создаваа творци, извонредни уметници и благородни луѓе. Со нивните дела Кичево и Македонија се здобија со големо ликовно богатство, како и нераскинливи врски помеѓу средината каде што создаваа и ликовните уметници од нашата земја и светот.

Делата претставени на изложбата можете да ги погледнете во одделот ГАЛЕРИЈА.

 

 

Контакт

Н.У. Центар за култура "Кочо Рацин" - Кичево
"Александар Македонски" бр. 72
Кичево, 6250
Република Македонија
Библиотека: +389(0)45221075
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Вести од културата