Во склоп на Центарот за култура „Кочо Рацин“-Кичево работи школа за народни танци и ора која е формирана во Кичево и брои 200 членови во четири возрасни групи:1.Почетници 2.Прв детски ансамбл 3.Втор детски ансамбл 4.Возрасна група.Има настапувано на голем број национални и меѓународни фестивали во Полска,Унгарија,Турција,Хрватска,Србија,Бугарија и др.,а воедно е и главен организатор на меѓународниот фолклорен фестивал на песни и ора„д-р Владимир Полежиноски“.

Во својот репертоар ги претставува традициите на најстарите ритуали на балканската култура,македонската култура и фолклорот од кичевскиот крај.Школата ги негува македонските верувања,обичаи,историја,музика,традиција и се она што е поврзано со фолклорот не само на сцените во Македонија туку и ширум Европа.

Центарот за култура располага со богата македонска народна носија.Заедно со школата за народни танци и ора е и школата за народни инструменти кој работи уште од самото оформување  и незапирливо ги следи играорците на сите нивни настапи и турнеи.

 

Со школата за народни танци и ора работи професионален кореограф кој неуморно им го предава знаењето на помладите таленти од школата. Оваа школа се афирмира преку своите концерти во градот и гостувања на фестивали надвор од државата.Со оглед на тоа што во многу наврати ја збогатува програмата на Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево ќе се инкорпорира во неа и во иднина.

 

Контакт

Н.У. Центар за култура "Кочо Рацин" - Кичево
"Александар Македонски" бр. 72
Кичево, 6250
Република Македонија
Библиотека: +389(0)45221075
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Вести од културата