Кичевската публика ќе  има можност за  низа културно-уметнички настани во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Кичево до крајот на оваа година.



Ѓорѓија Сајкоски, директор на Домот на културата, информираше дека на 10 декември ќе биде отворена изложбата „Интернационална кичевска ликовна колонија 1994 - 2009“ на која во вид на ретроспектива ќе бидат изложени делата на над 30 уметници од целиот свет кои твореле за време на ликовните колонии во Кичево во изминатите 15 години.


Во Домот на културата, исто така, се закажани и изложба на резби од десетина кичевски копаничари, а крајот на годината ќе го означи КУД „Кочо Рацин“ кој по успешните настапи надвор од Македонија ќе и се претстави на кичевската публика со целовечерен концерт.


Во склоп на Домот на културата работи и библиотеката каде што е во тек Саем на книгата организиран во соработка со издавачката куќа „Феникс“.

 

Контакт

Н.У. Центар за култура "Кочо Рацин" - Кичево
"Александар Македонски" бр. 72
Кичево, 6250
Република Македонија
Библиотека: +389(0)45221075
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Вести од културата