Во рамките на одбележувањето на Месецот на книгата,  во библиотеката „Кочо Рацин“ во Кичево се изложени изданија на „Матица македонска“ - 150 наслови од нивните лектирни изданија за основно образование, сликовници и боенки за најмладите читатели, како и белетристика и речници.

 

Во текот на денов треба да пристигнат и изданијата на издавачката куќа „Феникс“, која и минатата година учествуваше на продажната изложба во Кичево, кога беа понудени и продадени голем број нивни изданија. Месецот на книгата во Кичево ќе трае до крајот на Hоември.

Контакт

Н.У. Центар за култура "Кочо Рацин" - Кичево
"Александар Македонски" бр. 72
Кичево, 6250
Република Македонија
Библиотека: +389(0)45221075
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Вести од културата