Национална установа
Центар за култура
"Кочо Рацин" - Кичево

Културата се зема традиционално како најстара човечка одлика и е основно обележје на секој народ.Затоа културата претставува моќен производ за презентирање на културните вредности.

Националната установа Центарот за култура „Кочо Рацин“-Кичево успешно развива бројни културни содржини што ги анимира граѓаните и особено младата генерација.

Дејноста на оваа културна установа е програмски и функционално поттикнување и развој на културата,двигател на културниот израз на севкупната популација во регионот,осоено на творештвото на децата и младината,на културно-уметничкиот аматеризам и објавување на културно-уметнички дела,како и вршење на други дејности од областа на културната согласно со закон.Покрај традиционалната постоечка форма на дејности и целни групи што се опфатени,тоа неминовно бара и создавање на услови Центарот за култура да ги отвори вратите за задоволување на културните потреби на младата генерација,како основен генератор на сите позитивни промени.

Центарот за култура е потполно отворен за меѓународна културна соработка со културни организации кои би подготвувале заеднички проекти за работа со цел спроведување на културните и уметничките активности во делот на вмрежување,размена на идеи,информации и мобилност.

Историја:

Се до 1980 година,поголем дел од културното –образовните институции работеле во несоодветни простории што било голема пречка за поцелосно остварување на нивните програмски активности.Конечно на 11 Октомври 1980 година,Домот на културата бил предаден во употреба како Спомен-дом на културата „Кочо Рацин“ со што се оствари долго посакуваната желба на кичевчани.Со тоа се создадоа поволни услови за развој на културно-просветниот живот во градот.

Националната установа центарот за култура „Кочо Рацин“,импозантна архитектонска градба,сместена во централното градско подрачје,стана привлечно катче за младите и средиште за сите културни активности,од аматерски до професионални презентирања.

Денес како Национална установа Центарот за култура „Кочо Рацин“-Кичево која постои веќе триесет и пет години со својата програма,развива мошне богата културно-уметничка дејност,го организира и развива културното живеење и творење,овозможува уметничко и креативно изразување,поттикнува и работи на афирмација на културните различности,се грижи за културниот развој и афирмација на творештвото на децата и младината,објавување на културно-уметнички дела како и вршење на други дејности од областа на културата.Центарот има театарска сала со околу 400 седишта,голема сала и помала сала за различни намени.Во склоп на центарот работи библиотеката „Кочо Рацин“,културно уметничкото друштво „Рацин“ и киното.

Центарот за култура претставува место каде што се одвиваат разновидни културни активности:бројни концерти на народна и забавна музика,меѓународни фестивали,гостувања на театри,ликовни изложби,промоции на книги,кино-проекции,трибини,свечени седници по повод разни јубилеи и многу други настани.

Со интензивирањето на културните дејности во Центарот за култура се отвори и прицесот на динамизирање на работата со воведување на нови проекти,нови програми на работа и соработка со други културни институции.

 

Контакт

Н.У. Центар за култура "Кочо Рацин" - Кичево
"Александар Македонски" бр. 72
Кичево, 6250
Република Македонија
Библиотека: +389(0)45221075
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Вести од културата