Националната установа Центарот за Култура „Кочо Рацин“-Кичево организира традиционално Велигденски концерт на „КУД Рацин“.На концертот се поканети и гостуваат  клтурно-уметнички друштва од повеќе градови и настапуваат повеќе естрадни уметници.

Центарот за култура „Кочо Рацин“ исто така е организатор на меѓународен фолклорен фестивал на народни песни и ора.На фестивалот гостуваат голем број културно-уметнички друштва како од Македонија,така и од голем број земји од светот како што се: Албанија,Србија,Хрватска,Бугарија,Полска,Израел,Романија,Украина,Русија,Турција,Коста Рика и други преку кој се афирмираат културните достоинства на народите и се презентира на изворен начин македонскиот бит и фолклор со цел за доближување на правите македонски вредности.

Фестивалот е од меѓународен карактер со богата културно-уметничка програма.Земјите учеснички на фестивалот се претставуваат со своите традиционални песни и ора,облечени во нивните традиционални носии.

Контакт

Н.У. Центар за култура "Кочо Рацин" - Кичево
"Александар Македонски" бр. 72
Кичево, 6250
Република Македонија
Библиотека: +389(0)45221075
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Вести од културата